Селекцијата на Бразил е вториот патник во четвртфиналето на Мундијалот во Германија и Холандија, откако ја совлада Ангола со 32-26.
Бразилките имаат осум бода на првото место и тоа ќе биде доволно на коло пред крајот да бидат сигурни во ТОП 8.
Бразил водеше на паузата со 18-15, а вториот дел го одработи рутински и ги згасна надежите на Ангола за нешто повеќе на ова СП.
Во групата 1, Романија оствари лесна победа над Сенегал со 37-17, но ако Унгарија ја победи Јапонија, тогаш Романките ќе останат без шанси за прогрес.


























