СП 2025: Шпанија со пресврт го победи Исланд и остана во трка по ТОП 8, Холандија на максимум

Селекцијата на Шпанија славеше против Исланд со 30-23 во натпревар во кој имаше негатива од три гола по четириесетина минути игра, 19-16.

Но тогаш „фуријата“ заигра подобро, бековите без проблем се шетаа низ одбраната на Исланд и со серија од 8-0, Шпанките отидоа на 24-19 и до крајот немаа проблеми да ја задржат предноста рутински.

Сега Шпанија во последното коло ќе очекува триумф на Црна Гора над Србија, а тие да се обидат да ја изненадат домашната Германија која веќе е во ТОП 8 и сигурно прва, па „фуријата“ само на овој начин ќе обезбеди четвртфинале.

Во групата 3, се одигра првото коло од главната рунда, а Франција и Холандија се на чекор до четвртфиналето, откако „лалињата“ без мака се справија со Тунис.

Светско првенство, главна рунда, резултати:

група 2
Србија – Фарски Острови 31-31
Црна Гора – Германија 18-36
20:30 Исланд – Шпанија

табела: 1. Германија 8, 2. Србија 5, 3. Шпанија 4, 4. Црна Гора 4, 5. Фарски Острови 3, 6. Исланд 0

група 3
Аргентина – Полска 25-28
Франција – Австрија 29-17
20:30 Холандија – Тунис

табела: 1. Франција 6, 2. Холандија 6, 3. Полска 4, 4. Австрија 2, 5. Аргентина 0, 6. Тунис 0

Президент Куп

група 1
Хрватска – Иран 38-9
Уругвај – Парагвај 20-23

група 2
Египет – Кина 32-35
Куба – Казахстан 29-28