Репрезентацијата на Србија запиша една од најзначајните победи на Светското првенство, совладувајќи ја Шпанија со 31-29 во меч од главната рунда.
Во фуриозен финиш, српските ракометарки во последните десет минути одиграа најдобро досега, а серијата од 8-1 ги однесе до триумфот над „фуријата“.
Шпанките предводени од Со Делгадо, која даде 11 голови, водеа на паузата со 19-17, а во вториот дел водеа и со шест гола разлика.
Но тогаш на сцена стапи српскиот карактер. Предводени од Јована Рисовиќ (11 одбрани, 50% успешност), која ја „крена“ цела репрезентација по црвениот картон за Јована Јововиќ, Србија со фантастичен камбек успеа со два гола да стигне до злато вредна победа и да остане во трка по четвртфиналето.
Најефикасна во победата беше Јована Јововиќ со седум гола, а Катарина Крпеж Шлезак, Јована Скробиќ и Александра Вукајловиќ запишаа по пет погодоци. Кај Шпанија, Со Делгадо со 11 гола беше најпрецизна.

























