ПИОНЕРКИ: Струга го изненади Вардар, победи за Металург Автокоманда и Ѓорче Петров

Екипата на Струга го направи најголемото изненадување и славеше против Вардар со минимални 13-12 во натпреварот од 10 коло во пионерската женска лига.

Избраничките на Владимир Паноски по 11-11 во финишот, постигнаа два гола во серија и се изборија за голема победа во Скопје. Најзаслужна беше Матеа Димитроска со шест погодоци.

Спартак предводен од Катарина Ракиќ која даде дури 11 голови, славеше кај Охрид со 17-13. За домашните Исидора Маџар имаше шест погодоци.

Актуелниот првак Ѓорче Петров и лидерот Металург Автокоманда кој има десет од десет, запишаа убедливи победи против Чаир, односно Шампион.

Штипски Астибо кој беше воден од Ана Марија Накова со 11 гола го победи Илинден Вардар, додека Јехона за која Бленда Абдулаи даде десет погодоци без промени го победи составот на Кале Кичево.

Пионерки, 10. коло, резултати:

Охрид – Спартак 13-17
Шампион – Ѓорче Петров 6-28
Вардар – Струга 12-13
Чаир – Металург Автокоманда 15-32
Јехона – Кале Кичево 21-11
Астибо – Илинден Вардар 28-18

Табела: 1. Металург Автокоманда 20, 2. Ѓорче Петров 18, 3. Астибо 16, 4. Вардар 14, 5. Чаир 12, 6. Струга 12…