Лидерот на табелата, Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката серија во младинската машка лига и сега има девет од девет по триумфот кај шампионскиот тим на „витамините“ среде Автокоманда со 31-29.
Во финишот се влезе со реми, 29-29, но Алдин Фехми стрелаше за предност на битолчани, а потоа Иван Младенов го запре ударот на домашните и одновно Фехми даде гол за голема победа.
Покрај Фехми кој беше најдобар стрелец со осум гола, се истакнаа Лука Ѓорѓиевски со седум и Стефан Лазаревски со пет погодоци. Во домашниот тим, кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски со седум гола.
Во Автокоманда, „сино-белиот“ тим славеше против Бутел Скопје со 27-23. За победничката екипа Антонио Наковски стрелаше осум пати, а кај гостите Давид Јаневски шест пати се запиша во листата на стрелци.
Младинскиот репрезентативец Мики Лазов со десет гола го водеше Тиквеш до триумф дома против Вардар, за кој Огнен Тасевски даде девет погодоци. Пролет врза три победи по ред, а последната беше и повеќе од убедлива против Вардар Неготино.
Куманово и покрај 12 гола на Тино Стојановски загуби кај Еурофарм Пелистер во Битола, за кој Тео Спировски даде осум погодоци.
Младинци, 9. коло, резултати:
Тиквеш – Вардар 32-28
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 29-31
Пролет – Вардар Неготино 54-26
Еурофарм Пелистер – Куманово 30-27
Алкалоид – Бутел Скопје 27-23
Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 18, 2. Мулти Есенс 16, 3. Алкалоид 12, 4. Пролет 10, 5. Бутел Скопје 10….


























