Со два меча беше комплетирано 6 коло во женската кадетска лига, а шамионот Вардар сигурно чекори кон одбрана на тронот.
Вардарки на домашен терен беше подобри од Металург Автокоманда со 27-24. Поведоа домаќинките со 5-0 и до крајот не ја испуштија предноста.
Ивана Трифуновска беше стрелец на пет гола за победникот, а по четири пати погодија Мила Николовска, Елена Балоска и Неда Јанева.
За Металург Автокоманда, Таида Беровиќ постигна 12 погодоци, но не можеше сама против расположените домаќинки.
Сега Вардар има пет од пет на првото место на табелата, додека Металург Автокоманда останува втор со шест бода, но и меч помалку.
Еџе Сејадин со десет гола беше предводник на Стружанка во првиот сезонски триумф над Гевгелија Југ со 29-25, додека Јана Петреска даде уште осум гола за победникот.
Кај домаќинките, Ружица Кирова беше стрелец осум пати.
Кадетки, 6 коло, резултати:
Гевгелија Југ – Стружанка 25-29
Вардар – Металург Автокоманда 27-24
Табела: 1. Вардар 10, 2. Металург Автокоманда 6…
























