Европската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за 10 коло во Лигата на шампионите.
Македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе патуваат за Германија, каде ќе го судат дербито на колото.
Европскиот првак Магдебург ќе го пречека унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, а Николов и Начевски ќе ја делат арбитража на овој дуел.
Натпреварот меѓу Магдебург и ПИК Сегед е закажан за 4 декември со почеток во 20:45 часот во „Гетек Арена“.
























