Начевски ќе биде делегат на натпревар што значи ТОП 16 во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 6 коло во Лигата на Европа.

Марјан Начевски ќе биде делегат на еден од натпреварите на кој ќе се решава патник во главната рунда на второто европско клупско натпреварување.

Македонецот патува во Нашице, каде Нексе ќе го пречека шпанскиот Адемар Леон и мора да слави за да оди во ТОП 16.

Овој натпревар е закажан за 2 декември од 20:45 часот во салата „Крал Томислав“, додека во исто време ќе играат Кадетен и Партизан.