Му тргна на „македонскиот“ Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што играат двајца Македонци, а тренер е Влатко Митков, запиша втор триумф по ред во Австрија.

Холабрун славеше против Фуксе со 32-30 во натпревар од 10 коло во австрискиот шампионат и веќе собра шест бодови оваа сезона.

Македонскиот десен бек Хари Павлов даде шест погодоци, додека кружниот напаѓач Филип Арсеновски беше стрелец на два гола.

Некогашните играчи на Охрид, Гал Цирар и Рудолф Сафранко, постигнаа девет, односно три погодоци во триумфот на Холабрун.

Тимот предводен од Митков во следното коло ќе му гостува на Брегенц.