Глигоров и Кастриоти на врвот

Тимот на Кастриоти, кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров, се наоѓа на лидерската позиција во косовскиот шампионат.

Кастриоти на последниот натпревар од 10 рунда славеше на гостински терен кај составот на Велазними со 43-28.

Ова беше деветти триумф за тимот на Глигоров во десеттиот одигран натпревар во косовското првенство и сега е лидер на табелата.

Кастриоти има 18 бодови на лидерската позиција, додека зад тимот од Феризај е Раховеци, кој досега собра 16 бода.