Некогашен селектор на Македонија ќе ја води Кина

Искусниот стратег Драган Ѓукиќ е нов селектор на машката репрезентација на Кина, пишува „Rukometni trener“.

Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, оди на нова мисија на азискиот континент и прв предизвик ќе му биде Азиското првенство во јануари во Кувајт.

Кина е во група со Јордан, Ирак и Бахреин, а тоа значи дека Ѓукиќ ќе има за ривали селекции со европски тренери – Зоран Кастратовиќ (Јордан), Горан Перковац (Ирак) и Роберт Хедин (Бахреин).

Ѓукиќ има богата биографија и работеше во клубови како Вардар, ПИК Сегед, Татабања, АЕК Атина, ЧСМ Букурешт…а покрај Македонија, ги водеше и селекциите на Црна Гора, Израел, Велика Британија, Швајцарија…