Бомбач со камбек во татковина – ќе игра за амбициозниот Слован Љубљана!

Иако беше поврзуван со трансфер во Македонија, Дејан Бомбач, ќе се врати во татковината и ќе игра за словенечкиот шампион Слован.

Според пишувањата на „Handballia“, треба да се комплетираат уште медицинските прегледи и договорот да стане официјален.

Бомбач во Слован Љубљана ќе ја дели позицијата со Сташ Скубе и ќе соработува со селекторот на Словенија, Урош Зорман.

Словенечкиот среден бек од минатото лето беше дел од амбициозниот унгарскиот проект Ѓер, но по една успешна сезона, доби отказ од клубот поради недоразбирања со управата.