Поранешната македонска репрезентативка Јована Саздовска му се враќа на ракометот, но сега ќе биде во поинаква улога.
Минатата сезона ја заврши играчката кариера во романскиот тим Слатина, а од утре ја стартува судиската кариера.
Таа е делегирана од страна од натпреварувачката комисија на РФМ за натпреварот од пионерската лига во женска конкуренција заедно со искусната Лела Јашар.
Саздовска и Јашар ќе го судат натпреварот меѓу Шампион и Ѓорче Петров на кој делегат ќе биде Иван Јосифовски в недела од 12:00 часот во салата „Антон Димитров“.
Некогашната репрезентативка беше одлична на теренот како ракометарка, а како ќе се покаже во судиската униформа останува да видиме.

























