Караванот продолжува во Кавадарци со Петар Ангелов-Диви и Јована Саздовска

Ракометната федерација на Македонија го продолжува ракометниот караван кој веќе успешно беше реализиран во Охрид, Прилеп и Битола.

Следниот град што ќе го пречека караванот е Кавадарци. Настанот ќе се одржи на 29 ноември во спортската сала „Јасмин“, со почеток во 12:00 часот.

Како и досега, целта на караванот е да го доближи ракометот до најмладите генерации, да ја зголеми неговата популарност…

Специјални гости на ова издание на караванот ќе бидат легендарниот голман Петар Ангелов – Диви, кој има потекло од Кавадарци и некогашната репрезентативка Јована Саздовска.