Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонската двојка Михајло и Методија Илиевски, добија нова задача од европската куќа на ракометот.
По дуелот од женската Лига на Европа минатиот викенд, претстојниот викенд ќе судат уште еден меѓународен меч, овојпат од машкиот ЕХФ Европски Куп.
Тие ќе ја делат правдата на средбата меѓу австрискиот Тирол и чешката Карвина, што е закажан за 22 ноември од 18:00 во Швац, а делегат на ќе биде Словакот Карлубик.























