Прво, па машко: Крстевски најдобар на дебито за новиот клуб

Македонскиот интернационалец Горан Крстевски одлично ги започна своите настапи во израелскиот шампионат.

Неговиот тим Нес Зиона славеше во пресметката Хапоел Кирјат со 32-29 во натпревар од 9 коло, откако и на паузата домаќините водеа со 17-14.

Крстевски беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да погоди осум пати во противничката мрежа, а подели и две асистенции.

Следен предизвик за Македонецот и неговиот тим ќе биде гостинскиот натпревар кај Хапоел Ашдод на 21 ноември.