Гарабаја: Едно е сигурно – во Сегед ќе биде потешко отколку во Битола

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува вториот натпревар против унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед во Лигата на шампионите.

Тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја, вели дека има голем простор за уште поголем напредок во играта.

„Секогаш е убаво кога се добиваат натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можат да го прават само топ-тимови од континентот. Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме после сите оние потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација. ПИК Сегед исто така се мачеше со одредени повреди, ќе видиме што ќе се случи. Имаме голем простор за уште поголем напредок, мислам дека сликата за тимот е комплетна и очекувам да играме подобро со секој изминат натпревар. Не е време за конечниот расплет во групата, сега се фокусираме само на следниот натпревар. Ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда“, вели Гарабаја.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер се игра в четврток со почеток во 18:45 часот.