МВП НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – БЛАГОЈ ПАНОВ (ТИКВЕШ)

Голманот на Тиквеш, Благој Панов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11. коло од Супер машката лига.

Чуварот на мрежата на кавадарчани беше меѓу најзаслужните за минималниот триумф на неговиот тим против Бутел Скопје и имаше клучни интервенции.

Тој освои 84% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Вардар, Дмитро Горига, кој освои 6% од гласовите.

Номинирани за МВП на 11. коло од Супер машката лига беа Гоце Ојлески, Јака Малус, Рудолф Хекбарт, Баптист Одифед и Томислав Квастек.