Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните партии во Втората Бундес лига.
Тој беше најзабележителен играч во неговиот тим Битигхајм со 20 одбрани на дуелот со Крефелд, а тоа му донесе ново признание.
Томовски се најде во идеалниот тим на колото во Втората Бундес лига, вторпат во 11 кола сезонава.
Битигхајм славеше со 32-19 над Крефелд и сега е на делба на второто место на табелата со Балинген со по 18 бодови, додека лидер Ајнтрахт Хаген со 19 бода.
View this post on Instagram
























