Карбеска и Илиева во еден викенд ќе судат не еден, туку два машки европски двобои!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло од ЕХФ Европкиот Куп.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе имаат двојна програма во машкиот ЕХФ Европскиот Куп.

Во сабота, на 15 ноември од 17:00 часот, Карбеска и Илиева ќе го судат мечот меѓу Будванска Ривиера и словенечкиот Тримо Требње.

Во недела, на 16 ноември од 18:00 часот, македонските судијки ќе ја делат правдата на мечот меѓу босанскиот Извиѓач Љубушки и Дуделанж од Луксембург.

Делегат на овие два меча ќе биде Хрватот Матија Губица.