Тимот на Славија Прага, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, запиша убедлив триумф во регионалната МОЛ лига.
Славија Прага славеше на гостински терен кај Сокол Поруба со 31-20, а најдобра на теренот беше Јанкуловска.
Битолчанката беше стрелец на шест голови во противничката мрежа, од кои три беа со удари од седум метри.
Славија Прага се наоѓа на седмото место со осум бода и половичен биланс по осум кола, а следен предизвик е домашниот натпревар со Сокол Пишек.

























