Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер оствари голема победа во Лигата на шампионите, откако со 25-24 го надигра ПИК Сегед. Репрезентативниот пивотмен Жарко Пешевски со седум гола го предводеше својот тим, и речиси сите ги постигна во второто полувреме.
Заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот кој беше „меч на неделата“ прогласен од страна на ЕХФ.
„Борба 60 минути. Ние сме едно семејство. Работиме така. Оваа енергија ја осетивме, не смеевме да пропуштиме.. Публиката што не носесе цел натпревар беше зад нас. Ја почитувавме тактика што ја имавме, го почитувавме тренерот, и заслужено победивме. Ова е признание за целата екипа, не само за мене, вели Пешевски.
Ова е втора победа на битолчани сезонава во ЛШ, со што сега имаат 4 бода. и се на чекор да ги стигнат и ГОГ, ПСЖ и ПИК Сегед кои се на делба на 4 место со 6 бода. Првите 6 екипи одат воосминафиналето на ЛШ.


























