Ракометарите на Еурофарм Пелистер по три недели пауза им се враќаат на обврските во Лигата на шампионите.
Гостин во Битола ќе биде унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, а тренерот Рубен Гарабаја се одлучи за составот за денешната пресметка.
Во споредба со дуелот во Магдебург, се враќаат Сеид Хеидарирад и Ник Хенигман, а покрај повредениот Цветан Кузманоски, надвор од комбинација останаа голманите Давид Брестовац и Јован Мацанковски, како и кружниот напаѓач Самоил Ристевски и бековите Алем Хаџиќ и Мирче Калајџиески.
ПИК Сегед ги нема во составот повредените Магнус Род и Јанус Дади Смарасон, а нема да игра ниту Жереми Тото.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра вечерва во 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

























