Оливер Димитриоски е нов тренер на прволигашот Македонија Ѓорче Петров, откако двете страни се договорија за соработка оваа сезона. Ова е камбек за прилепчанецот во тимот од Ѓорче Петров.
Димитриоски е искусен стратег, кој претходно долго време седеше на клупата на Скопје, а сега по кратката пауза му се враќа на ракометот.
Кога седеше на клупата на Македонија Ѓорче Петров обезбеди место во прволигашкиот плеј-оф. Кратко време мина во женскиот шампион Ѓорче Петров.
Димитриоски долго време работеше со младинските категории на Металург, но и со сениорскиот состав на тимот од Автокоманда, со кој има освоено и Куп трофеј, кога беше совладан Вардар во 2019 година. Поседува и Мастер Коуч лиценца.
Тој се врати на клупата на Македонија Ѓорче Петров со триумф над Аеродром, а во следното коло неговиот тим ќе ја пречека Преспа.
























