Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар од третото коло во Лигата на Европа.
Тренерот Иван Чупиќ за овој дуел нема да смета на Вуко Борозан и Гоце Георгиевски, а во ростерот се враќаат Харуки Кавада и Мигел Пинто, кои не играа на неделното дерби против тимот на Лазаров. Од претходно повредени се Еспиња, Кеита, Лазаревски, Стаменковиќ…
Во шведскиот состав ќе има 15 ракометари, а тука се некогаш големиот шведски талент Елиот Стенмалм, искусниот Емил Офорс (екс Вецлар, Кил), потоа капитенот Филип Хенингсон, новата шведска ѕвезда Аксел Мансон…
„Црвено-црните“ имаа две победи на два меча – дома против Сесвете и на гости кај Тулуз, а со победа во Шведска практично ќе го обезбедат пласманот во главната рунда.
Натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар се игра вечерва од 18:45 часот.

























