Поповски и Арау меѓу осумте најдобри во Купот на Швајцарија

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, се пласираше во четвртфиналето на Купот на Швајцарија.

Сур Арау го победи на домашен терен составот на Берн со 35-32 во осминафиналниот натпревар и обезбеди следна рунда.

Македонецот беше втор стрелец во победничкиот состав и успеа да постигне шест погодоци од шест обиди.

Сур Арау на Поповски е меѓу осумте најдобри заедно со Кадетен Шафхаузен, Фади Винтертур, Сент Гален…а има и три екипи од второлигашката конкуренција.