Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе биде активна во претстојната ЕХФ недела за време на Мундијалот во Германија и Холандија.
Избраничките на Кристијан Грчевски ги очекува настап на меѓународен турнир во Анкара, Турција од 5 до 7 декември.
Македонија таму ќе тестира против домаќинот Турција, која е една од домаќините на ЕП 2026, како и против Словачка и Словенија.
Првиот меч е на 5 декември од 14:00 против Турчинките, на 6 декември се игра средбата против Словенија од 16:30 часот, а на 7 декември е пресметката со Словачка од 11:00 часот.
Овие три дуели се дел од подготовките за двомечот од квалификациите за ЕП 2026 против Белгија во март следната година, кои Македонија мора да ги совлада.

























