Тимот на Самадреџа, каде што настапува македонската интернационалка Бојана Радевска, славеше значаен триумф.
Самадреџа на домашен терен го победи актуелниот шампион на Косово, Истогу, со убедливи десет гола разлика, 30-20.
Поранешната младинска репрезентативка на Македонија беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и даде три гола.
Самадреџа на Радевска сега е на врвот на табелата во Косово и по пет кола има десет бодови со максимален биланс.





















