Бранителот на титулата во кадетската женска лига, Вардар, запиша трета победа во третиот меч во новата сезона.
Вардарки на домашен терен не дозволија никакво изненадување и славеа против Стружанка со убедливи 45-18.
Драгана Тодоровска со девет, Елена Балоска со осум и Ивана Триуфноска со седум гола беа предводничките на домашниот тим, а Еџе Сејадин даде седум за гостинките.
Металург Автокоманда има два од два во новата сезона, откако славеше против Деспина со огромна разлика, 41-9.
Мила Лашкоска имаше седум гола за победникот, а по шест пати погодија Мила Туртурова и Бојана Георгиевска, додека пет гола за прилепчанки даде Анастасија Јованоска.
Кадетки, 4 коло:
Металург Автокоманда – Деспина 41-9
Вардар – Стружанка 45-18
Табела: 1.Вардар 6 бода, 2. Металург Автокоманда 4 бода, 3. Овче Поле СУ 4 бода…
























