Романскиот гигант ЧСМ Букурешт објави дека ја прекинува соработката со тренерот Ади Василе.
Одлуката е донесена по заедничка анализа на резултатите во тековната сезона. Иако на домашна сцена тимот е непоразен и ги исполнува поставените цели, резултатите во Лигата на шампионите не ги оправдаа очекувањата на клубот.
Истовремено, клубот ја прифати и оставката на тим менаџерката Кристина Варзару, која по долго време заминува од еден од најбогатите романски и европски клубови.
Додека не биде назначен нов тренер, тренинзите ќе ги води привремено Јулија Курea, која беше дел од стручниот штаб на Василе.

























