Томовски е најдобар голман во Германија – по сите параметри!

Maкедонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски е најдобар голман во Втората Бундес лига по девет одиграни кола.

Томовски е прв на листата на голмани по бројот на интервенциите, а исто така е прв на листата и според процентот на успешност.

Чуварот на мрежата на Битигхајм досега запре 102 удари на противничките ракометари, четири повеќе од вториот на листата, Паскал Бохман.

Томовски на девет натпревари досега има 34% успешност на одбранетите удари, и по овој параметар е прв на листата.