РФМ ги избра најдобрите – лауреати се Кузмановски и Дамјаноска, постхумно признание за Темелковски

Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона. Новото раководство на македонската куќа на ракометот се реши да го врати изборот, кој долги години не се одржуваше.

Изборот што вечерва се одржа започна со минута аплауз за Александар Јовиќ и Илија Темелковски, двајца ракометни работници кои ги загубивме оваа година.

Постхумно, признание за особен придонес во ракометот, како играч, тренер и селектор на младинците и сениорите, имаше за Илија Темелковски, кое го прими неговата сопруга Лидија Темелковска и неговите двајца внуци

За најдобра ракометарка за минатата сезона е избрана Катерина Дамјаноска од шампионот Ѓорче Петров, додека најдобар ракометар е Филип Кузмановски од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер.

Во изборот на фановите на социјалните мрежи, во овие две категории победници беа Теодора Гулицоска и Никола Митревски.

„Ракометари на годината 2025“ – лауреати:

најдобра млада ракометарка – Марија Јанкуловска
најдобар млад ракометар – Димитар Узунчев
најдобра ракометарка во Македонија од странство – Ана Вранчиќ
најдобар ракометар во Македонија од странство – Дмитро Горига
најдобар судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
најдобар стрелец мажи – Давид Димевски 237 гола
најдобар стрелец жени – Марија Анчева 290 гола
најдобра ракометарка (социјални мрежи) – Теодора Гулицоска
најдобар ракометар (социјални мрежи) – Никола Митревски
награда за особен придонес (постхумно) – Илија Темелковски
најдобар тренер мажи – Кирил Лазаров
најдобар тренер жени – Симе Симовски
најдобра ракометарка – Катерина Дамјаноска
најдобар ракометар – Филип Кузмановски