Младата репрезентација на Македонија со победа 31-28 ги почна двомечот со Словачка како дел од ЕХФ неделата, во која селекторот Наум Танески ја собра репрезентацијата. Утре треба да се игра и вториот меч, повторно во Скопје.
Иако на крај Македонија имаше позитива од три гола, во текот на мечот, а особено во првото полувреме гостите беа и повеќе од рамноправни. „Црвено-жолтите“ има неколку добри периоди во второто полувреме кога направија предност од неколку голови, кои имдадоа „ветер во грб“.
Само што почна второтополувреме Македонија поведе со 22-19, и тогаш беше првото „бегање“. Стигнаа нашите млади ракометари до водство 25-21 во 43 минута, а потоа за шест минути му дозволија на противникот целосно да се врати во игра, и да израмни на 25-25.
По неколку минути играње „гол за гол“ во последните 6-7 минути Македонија влезе со предност од 28-26, а потоа и 29-26. Имаше малку време Словачка да може да се врати, па во самата завршница Македонија рутински го сочува и резултатот.
Во првото полувреме Словачка имаше водство, а Македонија успеваше да изрмани. Словачка водеше со 10-8, а Македонија направи пресврт за водство 11-10. На полувреме имавме предност од 16-15.
Мики Лазов со 7 гола беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија, а Јулијан Матески даде 6 гола. По 4 погодоци имаа Христијан Гурмешевиќ и Лука Ѓорѓиевски.


























