Сејадин и Раткушиноска постигнаа повеќе голови од ривалот, Стружанка убедлива

Тимот на Стружанка славеше убедливо против Шампион со 44-8 во натпревар од 7 коло во Првата женска лига.

Еџе Сејадин и Маја Раткушиноска постигнаа по девет голови, а секоја од нив имаше еден гол повеќе од вкупниот број на погодоците на гостинките.

На паузата домаќинките водеа со 24-5, а во второто полувреме примија само три погодоци и на крајот ја дуплираа разликата.

Покрај Сејадин и Раткушиноска, во домашниот тим Петреска имаше седум гола, а кај Шампион по два гола дадоа три ракометарки.