Филип Талески по само три месеци најверојатно ќе го заврши својот престој во редовите на македонскиот вицепрвак Вардар.
Како што дознава 24Ракомет, Талески неколку дена веќе не тренира со остатокот од екипата, а причината е незадоволството од малата минутажа, особено во напаѓачката формација.
Клубот се уште не се огласил по ова прашање, но неофицијално левиот бек ќе добие раскин и кариерата ќе ја продолжи во некој друг клуб.
Талески се врати ова лето во Вардар и потпиша договор на долг рок, но нема да го одработи до крај. Левиот бек беше член на „црвено-црните“ од 2020 до 2023, потоа две сезони одработи во Бенфика и потоа се реши за камбек.
Потекнува од редовите на Металург, пред да замине за Германија, каде ги носеше дресовите на Рајн Некар Левен и Балинген.

























