Ривали во Македонија, но и во Јужна Америка

Аргентинскиот среден бек Николас Боно и бразилското десно крило Рудолф Хекбарт ќе имаат меѓусебен двобој и во Јужна Америка.

Тие како членови на Вардар и Еурофарм Пелистер играа меѓусебе четирипати оваа сезона, а сега првпат ќе се соочат и на репрезентативно ниво.

Бразил и Аргентина во рамките на ЕХФ неделата ќе играат на турнирот „Четири нации“, кој ќе се одржи од 29 октомври до 1 ноември.

Сите репрезентации најпрво ќе одиграат секој со секого, а в сабота прво и второпласираниот ќе играат во финалето, додека трето и четвртопласираниот на табелата, ќе играат за бронза.

Турнирот ќе се игра во „Домот на ракометот“ во Буенос Аирес, а покрај домаќинот Аргентина и Бразил, ќе играат уште Мексико и Чиле.