Тимот на Деспина оствари победа во Првата женска лига, откако славеше против екипата на Стружанка со 34-29.
Иако на полувремето беше егал, 14-14, сепак во второто полувреме домаќинките успеаја да стигнат до двата бода.
Најзаслужна за триумфот беше Анастасија Јованоска, која постигна 13 погодоци, додека искусната Мери Гичева придонесе со седум, а Маја Ристеска запиша пет гола.
Кај гостинките, Теодора Маркоска беше прв стрелец со 12 погодоци, а Јана Петреска додаде осум, но нивната партија не беше доволна за да се избегне поразот.
Во следното коло Стружанка ќе игра дома со Шампион, додека Деспина е слободна.


























