Средниот бек на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ, се најде на списокот на селекторот на Босна и Херцеговина, Дамир Доборац за претстојната ЕХФ недела.
Хаџиќ во последно време добива поголема минутажа од Рубен Гарабаја, игра во добра форма и заслужено има повик од Доборац.
Босанскиот селектор ќе смета и на Периќ од Целје, Чордалија од Келце, Бркиќ од Брегенц, Фајлиќ од Загреб…а повик доби и екс членот на Бутел Скопје, Драган Шољиќ.
Босна и Херцеговина ќе одигра пријателски натпревари против Бахреин и Саудиска Арабија на домашен терен.

























