Милосављев како „октопод“ – Берлин со 12 играчи го победи Веспрем

Фуксе Берлин засега останува единствен тим во лигата на шампионите кој има максимални 6 победи од исто толку мечеви во групната фаза откако актуелниот европски вицепрвак триумфираше во Унгарија со 32-31 (16-12) кај Веспрем. Гостите допатуваа со 14 ракометари, а во првиот дел од мечот се повреду Фабијан Виде а поради три исклучувања на трiбините се пресели Макс Дај.

Со овој триумф Берлин е поблиску до место што им носи директен пласман во четвртфиналето, а Веспрем е на 5 место со 6 бода, исто колку и Нант.

Дејан Милосављев беше еден од клучните играчи бидејќи покрај 16-те одбрани кои ги имаше важно е дека сопре некои чисти ситуации кои многумина ги видоа во неговата мрежа.

Гостите водеа во текот на целиот меч, на почетокот на второто полувреме имаа предност од 7 гола (21-14), и напад за 8 гола. Потоа темпото паднa, немаше клупа, и играчи кои можат да ротираат, а тоа го искористи Вреспрем,.

Во 58 минута конечно Веспрем намали на „минус 3“ на 31-28 давајаќи им надеж на домаќините дека можеби во завршницата на средната ќе може нешто да спасат. Берлин имаше напад кој не го заврши, а на спротивната страна Веспрем намали на 31-29 во 59 минута. Останааа уште 90 секунди, а Германците пак имаа напад од кој бараа гол за сигурна победа, но и тоа напад не беше реализиран, а во напад Ремили погоди за намалување на 30-31, и останаа само 30 секунди за напад. Берлин побара тајмаут на 20 секунди до крај.

Она што не им успеа претходно на крај Ав Тегум погоди од крило со што стави крај на сите драми и надежи на домашните. Берлин замина со победа од 32-31.