Петковска блесна и му донесе победа на хрватски Брод

Македонската репрезентативка Драгана Петковска имаше одлично издание во хрватскиот шампионат.

По одличната партија на дуелот од квалификациите за ЕП против Словенија, Петковска ја продолжи формата и на клупско ниво.

Таа со 12 одбрани беше меѓу најзаслужните за втората сезонска победа на хрватскиот Брод, кој славеше против Рудар со 34-30.

Ова е втора победа во шест кола за Брод, а следен предизвик за Петковска и нејзиниот тим ќе биде гостувањето кај Андреа Седлоска и Локомотива Загреб.