Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела.
Лазаров ќе смета на 20 ракометари, а дополнително повика и седум резервни ракометари.
Главната новост е камбекот на левото крило Дејан Манасков, кој игра во одлична форма во дресот на Еурофарм Пелистер.
Покрај Манасков, место има и за левиот бек на Вардар, Филип Талески, но тој се најде меѓу резервните ракометари со Милан Лазаревски, Марко Митев, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Никола Маркоски и Томислав Јагуриновски.
Македонија ќе игра две пријателски средби со Јапонија на 30 октомври и 1 ноември.