Како на натпреварите во Бундес лигата, така и на натпреварот меѓу Партизан Гевгелија и Шампион, со кој беше комплетирано 6. коло од Првата лига, паднаа дури 90 голови.
Домашниот тим немаше никакви проблеми и славеше убедливо со 51-39, откако уште во првиот дел создаде солидна предност од 25-19.
Јован Гетов и Горан Лисичков беа најистакнати поединци кај победникот со по десет погодоци, додека Милан Савов додаде шест, а по пет гола постигнаа Илија Роглев и Мартин Ашовалиев.
Кај гостите од Скопје, Ненад Богоевски блесна со 12 голови, но неговиот индивидуален учинок не беше доволен за да се избегне нов пораз.
Со оваа победа, Партизан ја запиша својата трета сезонава, додека Шампион и по шест кола останува без освоен бод.