Европската ракометна федерација ги објави составите на Тиквеш и Бешикташ за реванш натпреварот од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Стратегот на кавадарчани, Кристијан Грчевски, за разлика од првиот меч, сега ќе смета на десниот бек Мохамед Ахмед, а одново ќе го нема на располагање пикерот Јан Тајник.
Бешикташ дојде во Кавадарци со комплетниот тим – Ашанин, Гурбиндо, Сорендо, Озтурк, Хачиоглу, Бабачан…
Натпреварот меѓу Тиквеш и Бешикташ се игра вечерва во салата „Јасмин“ со почеток од 19:00 часот, а судијки ќе бидат Јелена Вујачиќ и Анѓелина Казанегра од Црна Гора.
На првиот меч одигран во Истанбул, Бешикташ славеше со 31-20.