Тимот на Вардар Неготино претрпе голем удар во амбициите за висок пласман во прволигашката конкуренција.
Неготинци загубија изненадувачки на гостувањето кај Текстилец со 35-33, откако во најголем дел од мечот домашните беа во предност.
Водеа штипјани и со плус пет, но во вториот дел избраниците на Пепи Манасков се вратија во игра, поведоа и со плус два, 28-26, но тука застанаа.
Упорните домаќини со серија од пет гола и предводени од Атанасовски и Џинес, поведоа со 33-29 и тука беше практично решен натпреварот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Атанасовски со 11 и Петров со седум, а кај Вардар Неготино, Шилегов даде десет погодоци.
Вардар Неготино сега има два порази и ќе мора да надоместува на некои од следните дуели ако сака да ја продолжи битката за врвот.