Ривалот на Вардар загуби дома – Кристијанштад поразен од Савехоф

По пет натпревар на кои победуваше, Кристијанштад загуби на домашен терен од Савехоф, 34-30 во 7. коло од првенството на Шведска. Тимот на Кристијанштад е ривал на Вардар во групната фаза од Лига Европа, и ова е втор пораз сезонава за екипата предводена од Андерс Халберг.

Сега Кристијанштад е на делба на првото место со Хамарби и со Малме, но Хамарби има натпревар помалку. Во првенството на Шведска по регуларниот дел, првите осум екипи разигруваат за титулата.

Само на почетокот на средбата домаќините имаа водство, а потоа Савехоф водеше, на моменти и со 5-6 гола предност. Во второто полувреме домаќините намалија на 27-29, што беше резултатски најблиску. Но, гостите не дозволија изненадување.

Во вторник Кристијанштад гостува во Франција кај Тулуз во првото коло на Лига Европа, па овој пораз ќе им делува „отрезнувачки“.
Вардар прво гостува во Шведска, на 11 ноември во 3 коло од Ф групата од Лига Европа.