Турски арбитри за празникот на ракометот во Битола

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на шампионите.

Maкедонскиот шампион ќе игра со каталонскиот гигант Барселона, кој по гостувањата во Скопје и средбите против Вардар и Металург, за прва доаѓа во Битола.

Оваа средба им е доверена на турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат е Италијанецот Марко Тоси Бранди.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона е закажан за 15 октомври во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.