Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска е во одлична форма пред стартот на квалификациите за ЕП 2026.
Петковска оваа сезона брани за хрватскиот тим Брод, новајлијата во елитната конкуренција и имаше блесок на дуелот со Бјеловар.
Македонската голманка одбрани дури 16 удари на противничките ракометарки, но нејзиниот тим загуби на крајот со 25-17.
Петковска ќе биде дел од националниот тим на Македонија за средбите со Германија и Словенија од квалификациите за ЕП 2026.