Тимот на Војводина каде што игра македонската репрезентативка Пена Граматова, а каде тренер е Андријана Будимир, запиша нова победа во Србија.
Војводина славеше против Јуниор со убедливи десет гола 37-27, откако и на полувремето водеа со 23-19.
Граматова ја продолжи одличната форма од стартот на сезоната, па успеа да постигне девет гола во противничката мрежа и да биде најдобар стрелец на мечот.
Војводина на Андријана Будимир е најголем фаворит за место во елитата следната сезона, а засега има три победи на три меча.