Десниот бек на „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Михаил Иваноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5. коло од Супер машката лига.
Иваноски имаше одлична партија на мечот со Прилеп и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на неговиот тим.
Охриѓанецот освои 43% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Пролет, Бојан Солев, кој имаше 29% од гласовите.
Номинирани за МВП на 5. коло од Супер машката лига беа Емилијан Ѓорговски, Николаос Лиапис, Наум Костов, Дамјан Субашевски и Јака Малус.