Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски продолжува со одличните партии во Втората Бундес лига во дресот на Битигхајм.
Во судирот меѓу неговиот актуелен и неговиот поранешен клуб Лудвигсхафен, славеше Битигхајм најмногу по заслуга на Томовски.
Македонскиот чувар на мрежата успеа да запре дури 16 удари на противничките ракометари, со 40% успешност.
Битихајм по шест меча има десет бода доволно за првото место, а Томовски на секој натпревар досега беше двоцифрен.
Во следното коло македонскиот голман и неговиот тим ќе играат на гости кај Ферндорф.